ПРВ.мк
Свет

Се става царинска кочница на евтиниот шопинг – еве колку треба да нарачате за да бидете ослободени од царина!

Се става царинска кочница на евтиниот шопинг – еве колку треба да нарачате за да бидете ослободени од царина!
Kristal

Европската Унија ја засилува контролата на кинескиот евтин увоз. Од првиот квартал на 2026 година, сите пратки под 150 евра повеќе нема да бидат ослободени од царина. Ова значи дека гиганти како „Шеин“, „Тему“ и „АлиЕкспрес“ веќе нема да можат да користат старата дупка во правилата за да нудат драстично пониски цени.

Бројот на пакети од Кина расте од година на година – минатата година дуплираше и достигна 4,6 милијарди пратки, а над 90% потекнуваат од кинески продавачи. Европските производители велат дека е време за фер услови на пазарот, особено во модната индустрија, каде што евтиниот увоз создава огромна конкуренција.

Привремената царинска такса ќе важи додека не се спроведе целосната реформа на системот во 2028 година, а некои земји-членки веќе воведуваат сопствени национални такси.

Овој чекор на ЕУ е првиот сериозен сигнал дека евтиниот шопинг од Кина повеќе нема да биде „без царина“, а европските трговци добиваат шанса да се натпреваруваат на пофер терен.

Escape