Војната меѓу Иран, Америка и Израел влезе во 25. ден. Иако американскиот претседател Доналд Трамп првично им се закани на Иран поради Ормускиот теснец, вчера „го промени правецот“ и истакна дека преговорите течат во позитивна насока. Од Техеран тоа се негира и се тврди дека Трамп „се уплашил по предупредувањето“. САД наводно го определиле 9 април како ден за можен крај на војната со Иран. Цените на нафтата повторно скокнаа, додека некои земји од Персискиот залив размислуваат за вклучување во конфликтот.
Иран ја наплаќа транзитната такса за бродовите низ Ормускиот теснец Иран почнал да наплаќа некои комерцијални бродови за премин низ Ормускиот теснец, еден од клучните светски морски патишта за транспорт на нафта и гас.
Пакистан подготвен да биде домаќин на преговори САД – Иран Пакистан, земја со нуклеарно оружје, изјави дека е подготвен да биде домаќин на преговори меѓу САД и Иран за решавање на конфликтот на Блискиот Исток, според изјавата на премиерот Шехбаз Шариф. Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, може да ја предводи американската страна на овие преговори, доколку се одржат.
ИРГЦ изведе нови ракетни напади врз Израел Иранската револуционерна гарда (IRGC) извести дека изведе нов, 79. по ред, талас ракетни удари и напади со дронови во рамките на операцијата „Право ветување 4“, погодувајќи објекти во Тел Авив и други делови на Израел.
Филипини прогласија енергетска вонредна состојба Филипините прогласија вонредна состојба поради американско-израелската војна против Иран, наведувајќи „непосредна опасност“ за снабдувањето со енергија.
Хезболах: Ќе ја спречиме израелската окупација на југот на Либан Висок претставник на Хезболах, Хасан Фадлах, изјави дека групата ќе се бори да спречи распоредување израелски сили на југот на Либан.
Иранската војска: Ќе се бориме до целосна победа Портпаролот на врховната воена команда на Иран изјави дека вооружените сили на Исламската Република ќе продолжат да се борат „до целосна победа“.
САД и Израел ја продолжуваат воената операција Американскиот државен секретар Марко Рубио учествува на состанок во Франција на кој ќе се разговара за војната во Украина, состојбата на Блискиот Исток и глобалните безбедносни закани.
Мините во Ормускиот теснец и раст на цените на нафтата Во Ормускиот теснец биле откриени десетина подводни мини за кои се верува дека ги поставил Иран. Цената на суровата нафта Брент повторно ја надмина границата од 100 долари по барел.
Датум за можен крај на војната Неименуван израелски функционер изјавил дека Вашингтон го определил 9 април како целен датум за завршување на војната, оставајќи околу 21 ден за продолжување на борбите и преговорите.
Украина: Русија му доставува разузнавачки податоци на Иран Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјавил дека украинската воена разузнавачка служба има „необориви“ докази дека Русија продолжува да му доставува разузнавачки информации на Иран.
















