ПРВ.мк
Свет

Нов смртоносен напад врз Киев - службите откриваат што се случувало зад нападите!

Нов смртоносен напад врз Киев - службите откриваат што се случувало зад нападите!
Kristal

Една личност го загуби животот, а вкупно 24 се повредени — меѓу нив и десетгодишно дете — по силниот руски напад што ја потресе украинската престолнина и поширокиот Киевски регион. Според информациите на началникот на воената администрација, Тимур Ткаченко, ударите предизвикале сериозни последици и на луѓето и на инфраструктурата.

На шест часот изутрина, службите за вонредни ситуации потврдија дека бројот на повредени во Киев се искачил на 24, додека повеќе од 40 лица биле извлечени од урнатините и небезбедните зони. Паралелно, сè повеќе пристигнуваат пријави за материјална штета во градот и околните населби.

Во неколку делови од Била Црква избувнале пожари во приватни домови, додека пламен зафатил и магацински објект. Во Обухиво горело возило, а во самиот Киев се регистрирани бројни пожари и оштетувања на станбени згради, медицински установи, автомобили и низа други објекти. Урнатини имало во вкупно осум различни региони, што дополнително ја отежнало работата на спасувачките екипи.

Особено сериозни последици имало во Дњепровскиот регион, каде остатоци од проектил погодиле петкатна зграда, оштетувајќи ги долните катаови и предизвикувајќи пожар во два стана. Во Деснанскиот регион, пак, ударите ја оштетиле мрежата за топла вода, оставајќи дел од жителите без греење во раните утрински часови.

Градот беше разбуден од низа експлозии, а противвоздушната одбрана дејствуваше повеќепати, откако предупредувањата за воздушна тревога беа активирани низ цела Украина. Алармот се огласи по полетувањето на руски авион МиГ-31К вооружен со ракети „Кинжал“ и по активирањето на голем број беспилотни летала.

Ситуацијата останува напната, а службите продолжуваат со расчистување, спасување и проценка на новонастанатата штета низ целиот регион.

Escape