ПРВ.мк
Свет

Мадрид возвраќа удар – Шпанија испрати јасна порака до Трамп!

Мадрид возвраќа удар – Шпанија испрати јасна порака до Трамп!
Kristal

По жестоките закани од американскиот претседател Доналд Трамп за целосен прекин на трговските односи, Шпанија експресно одговори – и тоа без двоумење.

Шпанската влада порача дека секоја евентуална одлука на Вашингтон мора да се темели на почитување на меѓународното право, автономијата на приватните компании и договорите меѓу Европската Унија и САД. Според нив, еднострани потези не можат да ги игнорираат постојните билатерални рамки.

Мадрид ја отфрли оценката дека е „ужасен“ сојузник, нагласувајќи дека земјата е активна и посветена членка на НАТО, која ги исполнува своите обврски и придонесува за европската безбедност. Дополнително, Шпанија потсети дека е значајна извозна сила на ЕУ и сигурен партнер за речиси 200 држави, вклучително и самите САД.

Во пораката има и суптилно предупредување: доколку дојде до економски притисок, Шпанија располага со механизми за ублажување на последиците, поддршка на погодените сектори и диверзификација на снабдувањето.

И покрај тензијата, владата истакна дека нејзината заложба останува насочена кон слободна трговија и соработка базирана на заемна почит.

Сега вниманието е вперено кон следниот потег на Белата куќа. Дали ќе следува вистински економски судир или ова е дипломатска игра на нерви?

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo