ПРВ.мк
Свет

Крај на доцнењата: Германски град воведува казни за родители што доцнат по децата!

Крај на доцнењата: Германски град воведува казни за родители што доцнат по децата!
Escape

Во Велбург, Баварија, од 1 септември родителите ќе плаќаат по 10 евра за секои 15 минути доцнење при земање на децата од градинка.

По бројни изговори и чести случаи децата да остануваат сами со уморни воспитувачи по затворањето, градот реши да стави крај на неодговорноста.

Прво ќе следат две усни опомени, а потоа и казни. Оваа мерка важи за сите видови градинки и има за цел да ги заштити воспитувачите и самите деца.

Одлуката е едногласно поддржана од градскиот совет, кој по консултации со родителите и персоналот, заклучил: ред мора да има!

Ask ChatGPT

Mia Home Mavrovo