ПРВ.мк
Свет

Иран со остро предупредување: Одмазда доаѓа - еве што ги чека САД!

Иран со остро предупредување: Одмазда доаѓа - еве што ги чека САД!
Kristal

Иран ќе изврши напади врз американските воени бази на Блискиот исток доколку САД први извршат напад, изјави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи. Тој нагласи дека таквите акции нема да се сметаат за напади врз државите домаќини на базите.

Во интервју за Ал Џазира, Аракчи појасни дека Иран нема намера да таргетира соседни земји, туку исклучиво американски објекти на нивна територија: „Постои јасна разлика меѓу напад врз база и напад врз држава“.

Изјавата доаѓа во време кога Техеран и Вашингтон продолжуваат индиректни преговори за иранската нуклеарна програма во Оман, оценети како позитивни од двете страни. Датумот за следната рунда сè уште не е утврден, но американскиот претседател Доналд Трамп најави можност за продолжување веќе на почетокот на следната недела.

Аракчи нагласи дека Иран е подготвен да преговара само за нуклеарното прашање, без проширување на темите, и дека дијалогот мора да се води без закани и притисоци.

Тој потсети дека минатата година САД бомбардираа ирански нуклеарни постројки во координација со Израел, по што Иран го запре обогатувањето ураниум и возврати со ракетен напад врз американска база во Катар. Аракчи порача дека во случај на нов американски напад, реакцијата ќе биде слична и дека ракетниот програм е ключен за иранската национална безбедност.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo