Руската мисија при Европската Унија остро реагираше на 18-тиот пакет санкции што Брисел го воведе против Москва, предупредувајќи дека наместо Русија, вистинскиот губитник ќе биде самата ЕУ – со ризик од економски хаос и финансиски колапс, особено во Франција.
Во соопштението што го пренесе ТАСС, Русија истакнува дека новите мерки се „осудени на неуспех“ и ќе нанесат сериозни последици токму на економиите на земјите-членки. „ЕУ свесно се самоповредува во обид да ја ослаби руската економија“, стои во реакцијата на руската мисија.
Најновиот пакет санкции ги забранува дериватите од руска нафта – освен ако не се произведени во САД, Канада или Велика Британија. Ограничувањата ги засегаат и гасоводите „Северен тек“ и „Северен тек 2“, додека нови финансиски блокади се воведени против 22 руски банки.
Москва предупредува дека оваа политика ќе доведе до нов раст на цените на енергенсите, ќе ја намали конкурентноста на европската индустрија и ќе предизвика општо економско влошување во ЕУ. Најалармантно, според руската страна, е тоа што Франција веќе се наоѓа на раб на финансиски колапс.
Покрај ова, ЕУ ја намали и горната цена на руската сурова нафта од 60 на 47,60 долари по барел, а на „црната листа“ се најдоа и 105 танкери што транспортираат руски енергенси.
Москва со јасна порака – Европа си пука во нога, а цената ќе ја платат нејзините граѓани.
Ask ChatGPT