Една од најпознатите и најпотресни фотографии во светот потсетува на ужасната судбина на 13-годишната Омајра Санчез. Таа останала заробена во вулкански кал по ерупцијата на вулканот Невадо Дел Руиз во Колумбија, каде што животот го загубиле над 24.000 луѓе.
Фотографијата ја направил Френк Фурние, само три часа пред смртта на Омајра. И покрај обидите на спасувачите да ја извлечат, таа починала од срцев удар и хипотермија. Снимката, која ја прикажувала нејзината храброст и страдање, ја донела насловната на многу светски медиуми и му ја обезбедила на Фурние престижната награда „World Press Photo“ во 1986 година.
Смртта на Омајра предизвикала огромна полемика: зошто не била спасена? Дури две децении подоцна, Фурние објаснил дека спасувањето било невозможно и дека неговата цел била да ја прикаже реалноста и да предупреди на неодговорноста на властите.
Неговата фотографија ја потресла светската јавност, помогнала во собирање на средства и го направила Омајра симбол на хуманата трагедија која никогаш не смее да се заборави.

















