Двегодишно девојче трагично почина синоќа во стоматолошка ординација во Букурешт, откако доживеа кардиореспираторен застој за време на интравенска анестезија.
Министерот за здравство на Романија, Александру Рогобете, соопшти дека Државната санитарна инспекција и Контролното тело ќе спроведат административни проверки за усогласеност со прописите и опремата на ординацијата. Исто така, медицинска комисија ќе истражува дали има елементи на медицинска небрежност.
Прелиминарните информации упатуваат на можно доцнење помеѓу моментот на срцев застој и повикот на бројот за итни случаи, но министерот нагласи дека точните детали ќе бидат достапни по завршувањето на истрагата, објави „Digi24“.
















