ПРВ.мк
Свет

СВЕТОТ Е НА РАБОТ НА КОНФЛИКТ: Британија испраќа моќна флота во „грлото“ на нафтата – почнува операцијата „Ормуз“!

СВЕТОТ Е НА РАБОТ НА КОНФЛИКТ: Британија испраќа моќна флота во „грлото“ на нафтата – почнува операцијата „Ормуз“!
Kristal

Британската морнарица официјално ја презема командата над една од најопасните точки во светот! Според информациите на влијателниот весник „Тајмс“, Обединетото Кралство ќе ја предводи таканаречената „Коалиција Ормуз“ со единствена цел: итно расчистување и отворање на клучниот морски премин кој е витален за светската економија.

Ова не е само обична патрола. Британија веќе најави дека на терен испраќа специјализирани бродови за чистење мини, кои ќе дејствуваат заедно со моќните морнарици на САД и Франција. Она што е посебно интригантно е најавата дека во мисијата ќе бидат вклучени и автономни (роботски) пловила, што значи дека технологијата на иднината влегува во директна борба за поморските патишта.

Покрај воената сила, Лондон се позиционира и како дипломатски центар. Понудено е гостопримство за голем самит на кој ќе присуствуваат повеќе од 30 држави. Сите тие веќе потпишаа заедничка изјава дека ќе вложат „максимални напори“ за да се осигура безбедноста на трговските бродови.

Ормуската Теснина е клучната точка низ која поминува речиси една петтина од светската нафта. Секој застој таму значи драстичен скок на цените на горивата во целиот свет!

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo