ПРВ.мк
Свет

Европа е релативно отпорна: Блискиот Исток не ја заклучува енергетската врата!

Европа е релативно отпорна: Блискиот Исток не ја заклучува енергетската врата!
Kristal

Европа не зависи многу од нафтата и гасот од Персискиот Залив, пишува австрискиот весник „Стандард“, во време кога снабдувањето е нарушено поради конфликтот меѓу САД, Израел и Иран.

Податоците покажуваат дека увозот од регионот се движи значително меѓу европските земји: Грција увезува 36 проценти од својата енергија од Блискиот Исток, Литванија и Полска околу 30 проценти, Србија 29 проценти, а Италија и Албанија по 22 проценти. Франција е околу 18 проценти, Холандија 10 проценти, додека Германија, Шпанија и Романија имаат уште помал удел. На дното се Естонија и Северна Македонија со два проценти, Хрватска и Швајцарија со еден процент, а Босна и Херцеговина и Словачка со помалку од еден процент.

Спротивно на Европа, некои азиски земји зависат многу повеќе од енергијата преку Ормускиот теснец: Пакистан 81 процент, Јапонија 57 проценти, Тајланд 56 проценти, Јужна Кореја 55 проценти, а Индија половина од својата енергија ја увезува од регионот. Африканските држави како Сејшелите (98 проценти), Мавританија (76 проценти), Уганда и Кенија, исто така се значително зависни.

Земјите од Америка се најмалку зависни поради сопствените развиени ресурси за нафта и гас. Во Соединетите Американски Држави само 10 проценти од увозот доаѓа од Персискиот Залив, а во Канада пет проценти.

Сепак, „Стандард“ предупредува дека дури и земјите со мал увоз можат да почувствуваат домино ефект поради растот на цените на суровата нафта на глобално ниво. Зголемените трошоци влијаат на транспортот и производството, што на крајот може да доведе до поскапување на стоките и услугите ширум светот.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape