ПРВ.мк
Свет

Со години тврди дека Брижит Макрон е маж – ситуацијата ескалира, претседателот Макрон поднесе тужба

Со години тврди дека Брижит Макрон е маж – ситуацијата ескалира, претседателот Макрон поднесе тужба
Escape

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, и неговата сопруга Брижит поднесоа тужба за клевета против американската десничарска коментаторка Кендис Овенс, која години шири „безмилосна кампања на лаги“ во која тврди дека Брижит е маж. Тужбата е поднесена на Вишиот суд во Делавер.

Адвокатот на Макрони вели дека Овенс „систематски и злонамерно шири апсурдни теории на заговор“ за првата дама, почнувајќи со видео од март 2024 година со наслов „Дали француската прва дама е маж?“. Овенс користи серијали и продавала производи со натписи што алудираат на оваа теорија.

Макроновите повеќепати ја молеле Овенс да престане, но откако таа не се повлекла, одлучиле да ја тужат. Тужбата нагласува дека Брижит е родена како жена и нема никаква врска со наводните теории за контрола или уцени, вклучително и ЦИА.

„Овенс му нанесе голема штета на парот, не само јавно туку и лично. Тие живеат со страв дека милиони луѓе веруваат во тие одвратни лаги,“ стои во тужбата.

Брижит Макрон веќе во 2022 година покрена слична тужба против други жени, а случајот е во жалбена постапка.

Макрон во март изјави дека најтешкиот дел од претседателувањето е справувањето со лагите кои им го рушат животот.

Во тужбата бараат финансиска отштета, но не е соопштена точната сума. Адвокатот најави дека ќе биде значајна ако Овенс продолжи со истите напади.

ВИДЕО

Mia Home Mavrovo