Иднината на клупата на Ливерпул повторно е тема на шпекулации, откако се појавија информации дека поранешен миленик на навивачите може да направи сензационално враќање.
Иако Арне Слот сè уште ја има поддршката од раководството, дел од јавноста не е убеден дека тој е долгорочно решение. Во меѓувреме, германскиот медиум Билд објави дека Чаби Алонсо би можел да го преземе тимот веќе од следната сезона.
Алонсо, кој во минатото одигра над 200 натпревари за клубот од „Енфилд“, наводно повторно е во контакт со клупските структури. Спортскиот директор Мајкл Едвардс уште порано се обидел да го ангажира, но тогаш Шпанецот одлучил да остане во Баер Леверкузен, а потоа да прифати нов предизвик со Реал Мадрид.
Сега ситуацијата е поинаква. Според извори блиски до преговорите, Алонсо е подготвен да се врати, но само ако добие поголема слобода во креирањето на тимот. Претходно, неговите идеи за засилувања не биле прифатени, што оставило впечаток кај него дека нема доволно влијание.
Дополнително, стратегот не сака да преземе тим среде сезона, туку бара јасен старт и време за да ја спроведе својата визија.



















