ПРВ.мк
Скопје

Редот во сообраќајот значи побезбедно секојдневие за сите граѓани!

Редот во сообраќајот значи побезбедно секојдневие за сите граѓани!
Kristal

Со цел зголемување на безбедноста и унапредување на квалитетот на живот во општината, Општина Бутел, во соработка со Град Скопје и СВР, започна со активности за воведување поголем ред во сообраќајот и заштита на пешаците.

Денеска беа поставени заштитни столбови на повеќе локации, со што се спречува непрописното паркирање и се овозможува слободно и безбедно движење по пешачките патеки. Акцијата започна кај кружниот тек во Бутел, а ќе продолжи и на други места низ општината каде што постои потреба од дополнително уредување.

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, истакна дека оваа мерка е дел од поширок план за уредување на јавниот простор и подобрување на секојдневието на граѓаните.

„Редот во сообраќајот е основа за безбедно и функционално секојдневие. Пешаците мора да се чувствуваат сигурно, а јавниот простор да биде достапен за сите. Продолжуваме со конкретни решенија на терен“, порача градоначалникот Костовски.

Со овие активности, Општина Бутел уште еднаш покажува посветеност кон создавање безбедна, уредена и пријатна општина за сите свои жители.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo