Големи промени во едно од најгледаните музички натпреварувања на Балканот – „Ѕвездите на Гранд“. По десет години лојалност, емоции и незаборавни моменти, Марија Шерифовиќ официјално се повлекува од жирито на шоуто, потврдија од Гранд продукција.
Во емотивна изјава, пејачката порача дека оваа фаза од нејзиниот живот завршува, но ќе остане засекогаш благодарна за искуството: „Овие години беа многу повеќе од работа – беа лекција, борба, смеа и инспирација... Пораснав и како уметник и како личност. Ви благодарам што ми дозволивте да бидам дел од ова небо“, напиша Марија.
Не помина многу време, а јавноста беше изненадена од уште една вест – и Драган Стојковиќ Босанац го напушта жирито и преминува во конкурентската емисија на телевизија Пинк.
Додека публиката се збогува со двајца од највлијателните членови на жирито, продукцијата на Гранд веќе подготвува нови звучни имиња. Дара Бубамара и Ќеба се најавени како потенцијални нови членови кои ќе ги заземат нивните столчиња.
Во новата сезона, која се очекува да започне на есен, публиката и понатаму ќе ги гледа старите лица од жирито како Цеца Ражнатовиќ, Ана Бекута и Вики Милјковиќ.
Со нови лица и стари легенди, Гранд ветува свежа и возбудлива сезона, додека гледачите со носталгија се простуваат од две имиња кои оставија длабок печат во историјата на шоуто.