ПРВ.мк
Сцена

ПОЗНАТА ДИЈАГНОЗА НА ЈЕЛЕНА ТОМАШЕВИЌ: Откриено е зошто се струполила на сцената!

ПОЗНАТА ДИЈАГНОЗА НА ЈЕЛЕНА ТОМАШЕВИЌ: Откриено е зошто се струполила на сцената!
Kristal

По хоспитализацијата на Јелена Томашевиќ за време на концерт во Бар, пејачката се огласи и откри дека причина за нејзиното струполување на сцената е дијагнозата вертиго. Таа истакна дека се чувствува добро и се заблагодари на сите што ѝ пружиле поддршка.

„Драги мои, ви благодарам на сите за вашите прекрасни зборови на поддршка! Ми го стопливте срцето. Се чувствувам добро и од синоќа официјално ми беше дијагностицирана ВЕРТИГО“, напиша Јелена.

Инаку, пејачката има песна наречена „Vertigo“ од 2013 година, за која музиката и текстот ги напиша нејзината колешка Емина Јаховиќ. Јелена го сподели видеото од песната и со емотикони од смеа се обрати на Емина, најавувајќи следен настап со песна за морето и сонцето.

Сопругот на Јелена, актерот Иван Босиљчиќ, појасни дека пред концертот пејачката имала вирус и се чувствувала малку лошо, но сепак одлучила да настапи поради почитта кон публиката. Тој исто така изрази благодарност до медицинскиот персонал од Службата за итна медицинска помош во Бар и сите што помогнале. Јелена сега е добро и со нетрпение го очекува следниот концерт.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo