ПРВ.мк
Македонија

Запленети 2.500 опасни инфузиски сета - eве што навистина стои зад ова!

 Запленети 2.500 опасни инфузиски сета - eве што навистина стои зад ова!
Kristal

Царинската управа заплени 2.500 инфузиски медицински сета – игли, шприцеви, канили и системи за инфузија, кои биле ризични по здравјето на граѓаните. За случајот извести директорот на Царината, Бобан Николовски, во интервју за Алфа телевизија.

„Последниот случај, кој ја покажува нашата посветеност на заштита на здравјето на граѓаните, е заплената на 2.500 инфузиски сета во царинска испостава Скопје 3. При деталната контрола беше утврдено дека станува збор за кинеска стока, а не германска, која имала дозвола за увоз. Сетови за инфузија кои не се усогласени со медицинските стандарди во државата не се безбедни за употреба и за нив не е издадено одобрение за увоз. Затоа, стоката е запленета и ќе биде уништена, а против увозникот е поведена соодветна постапка“, изјави Николовски.

Директорот додаде дека годинава, само во областа на лекови, се спречени увози на над 10.000 парчиња ризични производи. Тој потсети дека минатата година биле спречени два меѓународни канали за нелегална трговија со анаболични стероиди, при што биле запленети 600.000 килограми супстанци штетни по здравјето на граѓаните.

Escape