Тригодишно дете и двајца возрасни завршија во болница по тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера во Арачиново. Инцидентот се случил на паркинг простор на регионалниот пат Скопје – Куманово, кога возач изгубил контрола врз возило „Фолксваген Голф“.
Според информациите од полицијата, во 18:10 часот 29-годишниот Н.Б. од Арачиново најпрво удрил во паркирано возило „Фолксваген Венто“, а потоа продолжил да се движи и директно ги удрил пешаците – 30-годишниот Џ.К., 35-годишната А.С. и тригодишно дете, сите од Арачиново.
Од ударот, А.С. се здобила со тешки телесни повреди, а тригодишното дете и Џ.К. со телесни повреди. Тие биле пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде им била укажана медицинска помош.
На местото на несреќата извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, а се утврдуваат причините поради кои дошло до „карамболот“.
















