Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, со влажни коловози и повремени снежни наслаги, соопштуваат од ЈП „Македонијапат“.
- На патниот правец Попова Шапка – Лисец видливоста е намалена до 100 метри поради магла.
- На делници низ усеци и клисури постои можност за поситни одрони.
Возачите се повикуваат да управуваат внимателно, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да ја прилагодат брзината на условите на патот.

















