Утре наутро времето ќе биде постудено, со услови за појава на магла во поодделни котлини, соопшти УХМР. Во текот на денот се очекува сончево време со мала до умерена локална облачност и слаб југозападен ветер.
Во Скопје, наутро во делови од котлината се очекува слаба магла. Подоцна во денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко.
Преку викендот се задржува сончево и тивко време со мала до умерена облачност, а утринските часови ќе носат магла по поодделни котлини.
Во понеделник облачноста ќе се зголеми, а од вторник се очекува пресврт: променливо облачно со локални врнежи од дожд, на места и пообилни. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер со брзина над 60 km/h.
















