ПРВ.мк
Македонија

СТРАШНА СООБРАЌАЈКА: Тинејџер тешко повреден по судир со автомобил!

СТРАШНА СООБРАЌАЈКА: Тинејџер тешко повреден по судир со автомобил!
Kristal

Вчера околу 18:15 часот, во ОВР Гостивар било пријавено дека на улицата „Бањешница“ се случила тешка сообраќајна несреќа.

Во судирот учествувале патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(56) од Гостивар, и мотоцикл „кросер“, управуван од 19-годишен сограѓанин.

Како последица на несреќата, возачот на мотоциклот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Ургентен центар Гостивар.

По наредба на јавен обвинител, увид на местото на настанот извршила увидна екипа, а се работи на утврдување на сите околности што довеле до несреќата.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape