ПРВ.мк
Македонија

СТРАОТНА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: Две 6-годишни деца и двајца возачи повредени во соорбаќајка!

СТРАОТНА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: Две 6-годишни деца и двајца возачи повредени во соорбаќајка!
Kariera
Kristal

Две шестгодишни деца и двајца возачи се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера во скопското село Студеничани.

Според информациите од МВР, несреќата се случила на 31 март 2026 година околу 09:10 часот, помеѓу патничко возило „ауди“, управувано од 42-годишен жител на селото, и патничко возило „тојота“, управувано од 34-годишна жена, исто така од Студеничани.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на „ауди“ и едно шестгодишно дете кое било сопатник во „тојота“. Со полесни повреди се здобиле уште едно шестгодишно дете од истото возило и возачката на „тојота“.

Повредените биле пренесени и им била укажана медицинска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo