85-годишен жител на Скопје е тешко повреден откако паднал на коловозот во моментот кога се затворале вратите од автобус на ЈСП.
Според информациите на полицијата, инцидентот се случил на 13.11.2025 околу 14:30 часот, кога возачот на автобусот, В.П., пријавил дека на подрачјето на Центар, додека патникот Р.У. (85) се обидувал да влезе во автобусот, вратите почнале да се затвораат, по што тој паднал на коловозот.
Повредениот веднаш бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.
Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.
















