Четириесетгодишен маж од Велес предизвикал инцидент во здравствена установа во скопската општина Карпош, каде што се однесувал агресивно, им се заканувал на медицинските работници и оштетил дел од инвентарот.
Според информациите од полицијата, инцидентот се случил на 9 март околу 22:50 часот. Пациентот, идентификуван како Б.Ш. (40) од Велес, почнал да се однесува агресивно кон медицинскиот персонал, по што почнал да крши дел од опремата во установата.
Во еден момент се обидел и да избега од установата, но набргу бил пронајден од полициски службеници и задржан.
Случајот бил пријавен во полицијата следниот ден, а надлежните служби преземаат мерки за целосно расчистување на инцидентот.

















