Од полноќ, горивата ќе се точат по исти цени како и досега, а намалување е забележано кај мазутот.
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,14% во однос на претходната одлука од 2 февруари 2026 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат непроменети.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,235 ден/кг и сега ќе изнесува 33,650 ден/кг.
Од 10.02.2026 година, од 00:01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе бидат следни:


















