ПРВ.мк
Македонија

Еве колку бараат работниците да биде минималната плата во Македонија!

Еве колку бараат работниците да биде минималната плата во Македонија!
Kristal

Работниците во Македонија бараат минималната плата да се зголеми на меѓу 600 и 700 евра, покажуваат резултатите од најновата анкета на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), спроведена на 11 и 12 месецов на репрезентативен примерок од 1.613 испитаници.

Истражувањето покажува дека:

  • 45,2% од работниците сметаат дека минималната плата треба да изнесува 600 евра,
  • 42% бараат минимална плата над 700 евра,
  • 12,8% веруваат дека минималната плата треба да биде 500 евра.

Речиси сите – 99,5% од испитаниците, се согласни дека минималната плата мора да се зголеми до крајот на оваа година.

Анкетата открива и голема подготвеност за реакција:52,8% би протестирале, а 47,2% се спремни да штрајкуваат доколку не се исполни барањето.

Од ССМ велат дека ова покажува дека зголемувањето на минималната плата не е желба на мал број работници, туку реална и итна потреба на целата работничка сила во земјата.

Escape