ПРВ.мк
Македонија

Од обична посета до трагедија – случај што ја потресе јавноста

Од обична посета до трагедија – случај што ја потресе јавноста

Во објект на приватна фирма на подрачјето на Бит Пазар бил пронајден починат 65-годишен маж од Скопје, информира полицијата.

Според пријавеното, мажот дошол во продажниот објект во посета. По кратко време, вработен во фирмата, кој претходно службено се качил на петтиот кат, го известил дека лифтот не е во функција. Додека се симнувал надолу, вработениот слушнал дека се активирал алармот од лифтот, при што, како што било наведено, вратите на лифтот биле отворени на сите катови.

Кога стигнал во приземјето, во делот кај лифтот го затекнал 65-годишниот маж како лежи на подот.

На местото пристигнала екипа на Итна медицинска помош, која констатирала смрт. По насока на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, а надлежните институции работат на утврдување на сите околности поврзани со случајот.