Во основното училиште „Браќа Миладиновци“ во скопската општина Аеродром, за време на родителска средба, се случил физички напад врз учителка.
Според информациите од МВР, инцидентот се случил вчера околу 17:00 часот во училница, додека наставничката заедно со своја колешка одржувала средба со родители.
Мајка на ученик, ѝ нанела физички напад на една од учителките, по што случајот бил пријавен во полиција.
Од надлежните институции информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.










