ПРВ.мк
Македонија

Вработен во Општина Струга починал додека работел – еве што се случило!

Вработен во Општина Струга починал додека работел – еве што се случило!
Kristal

Вработен во Општина Струга денеска почина додека бил на своето работно место. Според информациите објавени од порталот „Струга Експрес“, станува збор за 53-годишниот Златко Б., кој изненадно добил срцев удар на работното место.

По повикот, медицинските екипи на Итната помош веднаш пристигнале на лице место и се обиделе да му помогнат, но и покрај напорите, не успеале да го реанимираат.

Според првичните информации, немало претходни знаци дека Златко имал здравствени проблеми додека бил на работа, што дополнително го шокирало персоналот и присутните во институцијата.

Во тек е официјална постапка за утврдување на сите околности поврзани со случајот.

Escape