ПРВ.мк
Македонија

Директорка на Здравствен дом незаконски продолжила со работа - деталите откриваат многу повеќе!

Директорка на Здравствен дом незаконски продолжила со работа - деталите откриваат многу повеќе!
Kristal

Полицијата поднесе кривична пријава против М.Г.(70) од Делчево поради сомневање за злоупотреба на службената положба.

Според истрагата, М.Г., како директорка на Јавната здравствена установа „Здравствен дом Гоце Делчев“ – Делчево, продолжила да работи по навршување на законската старосна граница за пензија, во периодот од 9 јануари до 28 април 2022 година.

Во тој период, таа по основ на плата и придонеси се стекнала со противправна имотна корист од 401.776 денари, со што го оштетила буџетот на здравствената установа.

МВР соопшти дека против неа е поведена кривична постапка за стореното дело.

Escape