ПРВ.мк
Македонија

Влага и нехигиенски услови за војниците - синдикатот ја откри трагичната состојба во велешката касарна!

Влага и нехигиенски услови за војниците - синдикатот ја откри трагичната состојба во велешката касарна!
Kristal

Независниот синдикат на професионални војници алармира за катастрофални услови во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес, по појавата на шуга кај новопримените војници.

Според синдикатот, проблемите се системски и се однесуваат на:

  • влажни простории и стар мебел, вклучително перници и чаршави стари 15-20 години;
  • нехигиенски тоалети и кебиња, не реновирани повеќе од две децении;
  • стар прибор за јадење, недоволна и еднолична храна;
  • чести исклучувања на струја и недостиг на техничка вода;
  • дискриминација, мобинг и недоволно покачување на плати во последните три години.

Претседателот на синдикатот, Александар Насковски, ја критикува армијата и Министерството за одбрана, истакнувајќи дека реновирани се само просториите на офицерите, додека професионалните војници, кои престојуваат во касарната 24/7, остануваат во лоши услови.

Состојбата во Велес е истакната затоа што е медиумски покриена, но според синдикатот, слични проблеми постојат и во другите касарни низ државата.

АРМ и Воено-медицинскиот центар (ВМЦ) информираа дека двајца војници се заразени со шуга, а е превземена епидемиолошка контрола и мерки согласно здравствените протоколи за спречување на ширење на заболувањето.

Синдикатот најавува дека ќе продолжи јавно да информира за состојбите во армијата низ целата држава, повикувајќи на приоритет за човечкиот фактор и подобрување на условите за живот и работа на војниците.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo