ПРВ.мк
Македонија

Добра вест за возачите – најавено ново намалување на горивата

Добра вест за возачите – најавено ново намалување на горивата

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека на следната седница на Регулаторната комисија за енергетика се очекува ново намалување на цените на горивата. Според неговата најава, бензините Еуросупер 95 и Еуросупер 98 би требало да поевтинат за 1,5 денари по литар, додека дизелот се очекува да се намали за 2,5 денари. Тоа го изјави на прес-конференција во Владата на 11 април.

Мицкоски нагласи дека покрај ова, останува во сила и попустот што ОКТА им го овозможува на своите партнери. Според објавените пресметки во домашните медиуми, доколку РКЕ ја потврди најавата, новите максимални цени би биле околу 82 денари за Еуросупер 95, 84 денари за Еуросупер 98 и 95,5 денари за дизел, без да се пресметаат дополнителните попусти.

Премиерот додаде дека државата навремено ги обезбедува потребните количини енергенси и оцени дека Македонија и натаму останува атрактивна за возачите од соседството, кои сè почесто полнат гориво во пограничните места. Сепак, конечната цена ќе зависи од официјалната одлука на РКЕ, која сè уште треба да биде донесена.