ПРВ.мк
Македонија

МАКЕДОНСКИ ГЕНИЈАЛЦИ ГО ОСВОИЈА СВЕТОТ: Блесок во Москва – Хемичарите се враќаат со медали, а падна и историски рекорд!

МАКЕДОНСКИ ГЕНИЈАЛЦИ ГО ОСВОИЈА СВЕТОТ: Блесок во Москва – Хемичарите се враќаат со медали, а падна и историски рекорд!

Македонската младост уште еднаш докажа дека знаењето нема граници! На јубилејното, 60-то издание на престижната Меѓународна олимпијада по хемија – Менделеев, нашите средношколци извојуваа фантастична победа, носејќи дома два бронзени медали во жестока конкуренција на светски таленти.

Натпреварот што се одржа во срцето на Русија, Москва, беше терен каде македонскиот тим ги покажа своите супериорни вештини во лабораторијата и теоријата. Блеснаа:

  • Теона Ана Георгиевска (ПСУ „Јахја Ќемал“ – Скопје) – која со овој медал испиша историја.
  • Даниел Христов (СОУГ „Славчо Стојменски“ – Штип) – кој го потврди квалитетот на штипската школа за млади научници.

Покрај медалистите, боите на Македонија достоинствено ги бранеа и Даниел Христовски од Скопје и Георги Николоски од Прилеп, со што го заокружија успешниот настап на нашиот национален тим.

Овој успех не е само бројка на табелата. За првпат во историјата на ова натпреварување, Македонија освои „женски“ медал, благодарение на неверојатната Теона Ана Георгиевска. Ова е огромен поттик за сите млади девојки во земјава кои сонуваат за кариера во природните науки, докажувајќи дека патот до светскиот врв е отворен за сите.

Олимпијадата „Менделеев“ важи за еден од најтешките натпревари во светот, каде задачите често ги надминуваат дури и универзитетските познавања. Да се освои бронза во Москва, против гиганти како Кина, Русија и другите светски сили, е еднакво на вистински научен подвиг.

Македонија има со што да се гордее – овие млади умови се нашата вистинска инвестиција за иднината!

Најнови вести