ПРВ.мк
Македонија

Ѓорѓиевски почнува европска офанзива: Првата средба со ЕУ донесе големи најави за Скопје

Ѓорѓиевски почнува европска офанзива: Првата средба со ЕУ донесе големи најави за Скопје
Kristal

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска во градската администрација одржа официјална работна средба со амбасадорот на Европската Унија, Н.Е. Михалис Рокас, како и со првиот советник и раководител на Секторот за економски прашања во Делегацијата на ЕУ, Марија Канелопулу.

Ова е првата официјална средба помеѓу градоначалникот и претставниците на ЕУ по неговото стапување на функцијата, а фокусот бил ставен на продлабочување на европските партнерства и дефинирање на идни заеднички иницијативи.

Во разговорите биле опфатени урбанистички и економски теми, со посебен акцент на развој на модерни инфраструктурни решенија, одржлив транспорт, дигитализација и подобрување на јавните услуги.

Ѓорѓиевски изјави дека ваквиот тип на комуникација е од исклучителна важност за Скопје, бидејќи отвора можности за проекти, инвестиции и размена на добри практики директно од европските институции.

Тој додаде дека очекува интензивирање на соработката и верува дека преку заеднички активности Скопје ќе продолжи да се развива како современ, функционален и европски град, во согласност со очекувањата на граѓаните.

Escape