ПРВ.мк
Македонија

Крвничка пресметка меѓу Турци го парализира аеродромот во Скопје – еве ги деталите!

Крвничка пресметка меѓу Турци го парализира аеродромот во Скопје – еве ги деталите!
Escape

На Меѓународниот аеродром Скопје вчера попладне избувнала масовна тепачка, во која учествувале осум турски државјани. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил во 18:19 часот, при што била нарушена безбедноста на аеродромот и јавниот ред и мир.

Полициските служби веднаш интервенирале и ги привеле сите вклучени: Ј.А. (36), Д.Ј.Е. (27), Д.С. (36), Д.Х.А (44), Д.Б. (37), Д.Х. (40), Д.А. (66) и Д.М. (62). Сите приведени се турски државјани.

Причината за физичката пресметка, според првичните информации од полицијата, биле нерасчистени долгови и финансиски спорови меѓу напаѓачите. Конфликтот ескалирал до точка каде што аеродромските патници и вработени останале во шок, а дел од операциите на аеродромот биле привремено нарушени.

По целосно документирање на случајот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави. Властите истражуваат дали зад тепачката стои организирана криминална позадина или личен конфликт кој излегол од контрола.

Mia Home Mavrovo