ПРВ.мк
Македонија

Македонија се пржи: 43 степени, аларм на максимум – неделата носи надеж за спас!

Македонија се пржи: 43 степени, аларм на максимум – неделата носи надеж за спас!
Escape

Утрешната сабота ќе биде една од најжешките ова лето – Македонија влегува во екстремен топлотен бран, а целата држава е ставена под црвен метео аларм. Температурите ќе достигнат дури 43°C, со УВ индекс 9 – ниво кое значи екстремна изложеност на сонце и сериозен здравствен ризик.

Според УХМР, времето ќе биде сончево и пеколно, со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од југ. Најжешко ќе биде во Скопје, Велес и Демир Капија, каде се очекува максимални 43°C, а утринските температури ќе стартуваат од 18°C.

УВ зрачењето ќе биде на ниво 9, што значи дека секое изложување на сонце без заштита е опасно. Лекарите и метеоролозите апелираат: не излегувајте на сонце меѓу 11 и 17 часот, пијте многу течности, избегнувајте физичка активност и користете сенка, клима и заштитни креми.

Сепак, има надеж за мало освежување – в недела попладне се најавуваат нестабилни услови, локални врнежи и грмежи, како и промена на ветерот во северен. Температурите ќе почнат да опаѓаат, но саботата останува ден кога сенката и климата ќе бидат единствен спас.

Mia Home Mavrovo