ПРВ.мк
Македонија

ПАРИ НА ПАТ: Граѓаните ги добиваат по две години – сумите не се мали!

ПАРИ НА ПАТ: Граѓаните ги добиваат по две години – сумите не се мали!
Kristal

Денеска на банкарските сметки на граѓаните кои во ноември пред две години ја купија државната граѓанска обврзница ќе им бидат исплатени вложените пари заедно со камата.

Министерството за финансии соопшти дека се исплаќа вкупно 17,6 милиони евра основица, како и камата во износ од 880.000 евра.

Граѓанската обврзница како финансиски инструмент за поддршка на буџетот беше воведена во 2023 година и претставуваше нов модел за вклучување на јавноста во државните финансии преку заштеда и инвестирање. Од тогаш досега се издадени две емисии обврзници, во вкупна вредност од 41,1 милион евра.

Од Министерството најавуваат дека е веќе во подготовка трета емисија на граѓански обврзници.

Escape