ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.А. (55) од селото Подгорци, под сомнение дека незаконски крадел електрична енергија.
Според полицијата, при контрола на мерните броеви на 18 септември 2025 година, било утврдено дека пријавениот неовластено ја премостил мерната опрема, со што директно се приклучил на мрежата и користел струја која не се евидентирала.
Со ваквото постапување тој, како што наведува полицијата, се стекнал со противправна имотна корист од 184.329 денари.
Против него ќе следи соодветна постапка.
















