ПРВ.мк
Македонија

Полицијата удри низ цела држава – 12 возачи завршија со лисици

Полицијата удри низ цела држава – 12 возачи завршија со лисици

Во текот на изминатите 24 часа, полицијата спроведе акција на територија на целата држава, при што од слобода биле лишени 12 возачи поради безобѕирно управување со возило.

Според информациите, најголем дел од приведените, односно 10 лица, биле затекнати како управуваат автомобил без возачка дозвола, додека двајца возеле под дејство на алкохол.

Во Скопје биле приведени двајца возачи без дозвола, во Штип еден, во Кичево еден, во Велес двајца и во Тетово четворица, при што меѓу нив имало и двајца малолетници.

Посебно загрижува случајот во Велес, каде еден од возачите не само што бил под дејство на алкохол, туку и предизвикал сообраќајна незгода. Вториот алкохолизиран возач бил откриен во Битола.

Од надлежните информираат дека по целосно расчистување и документирање на сите случаи, против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Воедно, полицијата повторно апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата, да не седнуваат зад волан без возачка дозвола, под дејство на алкохол или додека им е изречена забрана за управување, со цел да се зголеми безбедноста на патиштата.