ПРВ.мк
Македонија

Родено во движење: Бебе дојде на свет во амбулантно возило кон Скопје!

Родено во движење: Бебе дојде на свет во амбулантно возило кон Скопје!
Escape

Во првите минути по полноќ, додека амбулантно возило се движело кон скопска болница, се случи вистинско чудо – женско бебе се роди во возило во движење. Породувањето, иако надвор од родилна сала, беше успешно изведено од медицинскиот тим, кој покажал исклучителна професионалност и посветеност, јавува ТВ Стар од Штип.

Д-р Даниел Кировски, кој бил дел од тимот, објави на социјалните мрежи: „Ново срце запиша први отчукувања – на пат, во амбулантно возило, во длабока ноќ. Во моменти кога времето станува критично, кога нема простор за двоумење – животот си го наоѓа патот.“

И покрај условите, породувањето поминало без компликации. Девојчето е родено здраво и силно, а и мајката се чувствува добро. Овој настан уште еднаш ја нагласува клучната улога на брзата медицинска интервенција во пресудни мигови.

И мајката и новороденчето се во стабилна состојба.

Mia Home Mavrovo