ПРВ.мк
Магазин

(ВИДЕО) Спиеле со неа иако знаеле дека е заразна: Еве како завршила една од најубавите жени на сите времиња!

(ВИДЕО) Спиеле со неа иако знаеле дека е заразна: Еве како завршила една од најубавите жени на сите времиња!
Kristal

Под сјајот на светлата и гламурот, Џиа Каранџи ја криела темната страна на својот живот – борбата со зависноста и болеста што во тоа време се ширела како епидемија.

Џиа, родена во 1960 година во Филаделфија, беше првиот супермодел и лице кое красеше бројни насловни страници. Таа беше омилена на светските брендови како Calvin Klein, Ralph Lauren, Dior и Armani. Нејзиното италијанско потекло и природна убавина ѝ донеле прекар „малата Џиа“ од познатата манекенка Синди Крофорд.

На само 17 години се преселила во Њујорк и во рок од една година стана професионален модел, присутна на елитни модни сцени и редовен гостин на легендарниот клуб „Студио 54“.

Сепак, животот ѝ тргнал наопаку кога почнала да експериментира со дроги, почнувајќи со полесни супстанции, а потоа преминувајќи на хероин. Ова влијаело на нејзината кариера и личен живот – таа имала проблеми со несмасност на снимањата и често избегнувала обврски ако не се чувствувала добро.

Џиа беше и дел од ЛГБТ заедницата, и медиумите често зборувале за нејзината сексуалност и врски со други модели.

Поради употребата на дроги, таа го уништила своето тело – морала да оперира на раката поради отворен инфициран тунел создаден од повторени инјекции. За време на своето последно снимање за насловната страница на „Космополитен“ имала само 22 години и морала да ги крие последиците од дрогата.

Во текот на зимата 1985 година, Џиа почнала да се сомнева дека е заразена со СИДА. Подоцна ѝ била дијагностицирана болеста, најверојатно преку иглата за хероин. Во есента 1986 година била хоспитализирана, а нејзината мајка останала со неа до смртта на 18 ноември 1986 година.

Никој не знаел за нејзината смрт на време, а нејзиниот погреб бил тажен и празен. Џиа Каранџи починала сама, на дожд, оставена без присуство на пријатели или обожаватели, оставајќи зад себе траги од еден блескав, но трагичен живот.

ВИДЕО

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo