ПРВ.мк
Магазин

(ВИДЕО) СКАНДАЛ НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ: ЗЛАТНИТЕ МЕДАЛИ ПОЧНАА ДА СЕ РАСПАЃААТ!

(ВИДЕО) СКАНДАЛ НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ: ЗЛАТНИТЕ МЕДАЛИ ПОЧНАА ДА СЕ РАСПАЃААТ!
Kristal

Спортистите на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина се жалат на оштетени медали дури и за време на церемонијата на доделување.

Американската скијачка Бризи Џонсон, златна медалистка во спуст, на прес-конференцијата не го носеше медалот околу вратот, затоа што се одвоил од лентата. Таа објасни дека морала да го чува во џеб, а медалот бил оштетен додека скокала од радост по победата.

Сличен проблем имаше и германскиот биатлонец Јустус Штрелов, освојувач на бронзен медал во мешана штафета. Германската федерација за биатлон иронично праша дали медалите воопшто се наменети за прослава, поради нивниот слаб квалитет.

ПОГЛЕДНИ ВИДЕО

Спортистите нагласуваат дека проблемот не е толку сериозен како на ОИ во Париз 2024, кога почна да се лупи бојата од медалите и тие изгледаа постаро и оштетено по само неколку месеци.

Причината за проблемите во Париз била употребата на замена за хром триоксид, кој е супстанца што ја зголемува отпорноста на металите, но е забранета во ЕУ поради токсичност и канцерогеност. Брзата замена довела до полош квалитет на медалите. Како резултат, ковачницата морала да произведе над сто нови медали за спортистите, обезбедени од Меѓународниот олимписки комитет.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo