Многумина не знаат дека телото навреме алармира кога се приближува срцев удар. Данска студија открива дека дури 10% од пациентите со срцев застој повикале брза помош само 24 часа претходно – но сепак било предоцна. Причината? Игнорирање на клучните симптоми.
Најопасните предупредувања пред инфаркт се: – Отежнато дишење – Конфузија – Несвестица – Болка во градите – Нагло бледило
Д-р Филип Гнесин предупредува: „Отежнатото дишење е поопасен знак и од болката во градите, но често се игнорира бидејќи потсетува на други болести.“
Истражувањето покажува дека токму тие кои се пожалиле на тешкотии со дишењето, имале највисока стапка на смртност во првите 30 дена.
Затоа не чекајте симптомите да исчезнат – тие може да ве чинат живот! Ако некој има потешкотии со дишењето, губи свест, е збунет или се жали на болка во градите – веднаш јавете се на 112. Вашата брза реакција може да спаси живот!