ПРВ.мк
Магазин

Македонците полудеа: Овој трик на елката носи пари и љубов во домот!

Македонците полудеа: Овој трик на елката носи пари и љубов во домот!
Kristal

Иако многумина веќе ги украсиле своите елки, постојат мали, но моќни детали кои, според фенг шуи, можат да донесат среќа, просперитет и љубов во новата година.

Фенг шуи, древното кинеско учење за енергија, тврди дека секоја боја и секој украс имаат посебно значење. Не е важно само каде ја ставате елката, туку и како ја декорирате.

Боите што носат среќа и пари:

  • Црвена и златна – богатство и финансиски добивки
  • Сребрена и виолетова – благосостојба и успешни прилики
  • Зелена и бела – мир, хармонија и здравје

Фенг шуи советува секој член на семејството да стави по еден личен украс – тоа ја зголемува позитивната енергија и ја „заробува“ желбата за новата година.

Што симболизираат најчестите украси?

  • Ангел – заштита и нов почеток
  • Срце – љубов и блискост
  • Птички – нови можности и пријателства
  • Паричник или банкнота – богатство и просперитет
  • Ѕвезда – успех и остварување на соништа
  • Јаболко – здравје и заштита од негативна енергија
  • Петел – решавање на семејни и деловни конфликти

Елката може да биде повеќе од празничен декор – таа може да стане симбол на желби, надеж и позитивна енергија која ќе привлече убави настани и радост во годината што доаѓа.

Со овие мали трикови и правилно избрани бои, вашата елка ќе биде магнет за среќа, љубов и финансиски успех. Не чекајте – украсете ја со симболи кои ќе ви донесат среќа!

Escape