ПРВ.мк
Магазин

(ФОТО) Ги собра сите погледи: „Ледената“ Бетика повторно хит на Вевчанскиот карневал

(ФОТО) Ги собра сите погледи: „Ледената“ Бетика повторно хит на Вевчанскиот карневал
Kristal

Бетика Котовчевка по 15-ти пат ќе биде дел од Вевчанскиот карневал, кој започнува денес и ќе трае до 14 јануари во Вевчани.

Позната како „Ледената кралица“, таа ја доживува природата како свој лек и инспирација. Преку маските што со години наназад ги изработува рачно, Бетика ја раскажува својата приказна и ја изразува својата длабока почит кон Вевчанскиот карневал – настан со повеќе од 14 века жива и непрекината традиција.


Еве ја објавата на Бетика:

Утре започнува Вевчански Карневал жива традиција, слобода на духот и огледало на вистината што со векови зборува без страв.

Мојата поврзаност со Вевчани не е крвна, него душевна.

Оваа ми е јубилејна 15-та година без прекин, Бетика е дел од оваа 1.400 и кусур годишна традиција. Не како набљудувач, туку како срце што чука во ист ритам со Вевчани.

Ова место го осеќам толку блиску до срцето, како втор дом.

А луѓето таму топли, храбри, автентични луѓе што знаат да се смеат, да пркосат и да останат свои покрај сè!

За овој ден сум се враќала и од далечната Лапонија, затоа што некои повици не се одбиваат, тие се живеат.

Живеам за овој ден.

Најубавата традиција, чистилиште за цела Македонија.

Стар обичај каде што народот низ смеа, сатира и превртена реалност ја симнува тежината од душата. Тука се исмева злото, се разобличува неправдата и се чисти сè што се насобрало во текот на годината страв, бес, лага, болка.

Маските не се за криење, туку за ослободување. Со нив се пушта старото да замине, за новото да има каде да влезе. Тоа е колективно чистење, длабоко вкоренето во нашите адети, пренесено од нашите предци што знаеле дека човек мора барем еднаш годишно да ја истресе душата.

Колку и да пишувам, малку е. Ова не се објаснува со зборови, ова мора да се искуси - доживее.

Иначе овие маски и креации се дел од мојата душа, рачно изработувани низ годините, со љубов, визија и почит кон традицијата.

Вевчани, вие сте пример како се чува традиција со достоинство и хумор.

Ви благодарам што со векови му покажувате на светот што значи слободен дух.

А вас, мои луѓе — дојдете утре. Доживејте нешто уникатно, единствено, нешто што не се раскажува, туку се памети длабоко во срцето.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo