ПРВ.мк
Магазин

ДИЗЕЛ-МАФИЈА ВО ГЕРМАНИЈА: Крадат илјадници литри додека возачите спијат!

ДИЗЕЛ-МАФИЈА ВО ГЕРМАНИЈА: Крадат илјадници литри додека возачите спијат!
Kristal

Ценовниот шок на пумпите роди нов вид криминал – германската полиција е во паника поради масовните кражби на гориво од градилишта и камиони!

Германија се соочува со вистинска „епидемија“ на кражби на дизел која се шири низ целата земја со невидена брзина. Како што пренесува влијателниот „Билд“, полициските извештаи од Долна Саксонија, Хесен и Баден-Виртемберг откриваат застрашувачки размери на овој криминал, каде професионални банди и поединци успеваат да извлечат илјадници литри гориво за само една ноќ. Мотивот е јасен – енормното поскапување. Со цена од 2,16 евра за литар, дизелот стана „течно злато“ на црниот пазар, поскапувајќи за дури 46 центи од почетокот на конфликтот на Блискиот Исток.

Најпогодени се местата каде безбедноста е најмала, но количината на гориво е најголема. Во Бисендорф, од едно градилиште исчезнаа фрапантни 3.000 литри дизел, додека во регионот Швалм-Едер крадците испразнија резервоари на градежна опрема со капацитет од над 1.500 литри. Но, дрскоста на криминалците оди уште подалеку. Во Мехерних, возачи на камиони останале без 1.600 литри гориво додека мирно спиеле во своите кабини на автопатските одморалишта, не ни сомневајќи се дека некој им го празни резервоарот под нозете.

Иако бројот на инциденти е невообичаено висок, германските власти веќе бележат први успеси. Во Билштет е уапсен 37-годишен маж фатен на дело со полни канистри украдено гориво, но тоа е само врвот на ледениот брег. Слични упади се регистрирани во Равенсбург и Улм, каде цели индустриски магацини биле мета на напади. Портпаролката на германската полиција предупредува дека ситуацијата е алармантна и дека ќе биде потребен максимален напор и засилени патроли за да се сопре овој бран кражби кој се заканува целосно да го парализира транспортниот сектор во земјата.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo