Истражувачи од Универзитетот „Харвард“ откриваат дека кратките паузи за време на работа можат за само неколку минути да го намалат стресот, да ја зголемат концентрацијата и да ја подобрат продуктивноста.
Дури и микро-пауза од 1 до 10 минути е доволна за „полнење на батериите“, додека продолжената работа без одмор го поттикнува заморот, грешките и намалувањето на ефикасноста. Експерти препорачуваат методи како „помодоро“ – 25 минути работа, 5 минути пауза, и подолг одмор од 15-20 минути.
На паузата избегнувајте скролање на социјални мрежи или разговори за работа. Наместо тоа, движете се, прошетајте на свеж воздух, контактирајте пријател или поминете време со домашно милениче.
Истражувањата од „Асикс“ покажуваат дека ваквите паузи ја намалуваат продуктивноста за 33%, го намалуваат стресот за 14,7% и ја зголемуваат концентрацијата за 28,6%!
Паузите не се губење време – тие се вашиот таен ресурс за енергија и успех на работа.










