Кина соопшти дека открила најголемо поединечно наоѓалиште на злато во земјата во последните повеќе од седум децении. Според Министерството за природни ресурси, рудникот Дадонгоу, кој се наоѓа во североисточната провинција Лиаонинг, содржи дури 1.444,49 тони докажани резерви на злато, пренесува „Анадолија“.
Како што пишува државниот весник „Глобал тајмс“, рудникот веќе ја поминал проценката за економска исплатливост, што значи дека наскоро ќе започне неговиот развој и експлоатација.
Наоѓалиштето е класифицирано како „супер голем рудник со отворен коп“, а официјалните податоци покажуваат дека подрачјето на височина од над 720 метри надморска височина содржи околу 2,586 милијарди тони руда, со просечна концентрација од 0,56 грама злато на тон.
Посебно внимание привлекува и извонредно брзиот процес на истражување, кој траел само 15 месеци. Во извештајот се наведува дека овој модел би можел да стане пример за идни „краткоциклусни и висококвалитетни“ истражувања на минерали
















