ПРВ.мк
Култура

ОВА НЕ СЕ ПРОПУШТА! Сите очи вперени кон Велешкиот Театар! СИНИША ЕВТИМОВ ГО СПРЕМА НОВИОТ ХИТ “ТЕСТОСТЕРОН”!

ОВА НЕ СЕ ПРОПУШТА! Сите очи вперени кон Велешкиот Театар! СИНИША ЕВТИМОВ ГО СПРЕМА НОВИОТ ХИТ “ТЕСТОСТЕРОН”!
Kristal

Младиот актер и стенд ап комичар Стефан Николовски на својот инстаграм профил објави дека Синиша Евтимов повторно се враќа во велешки театар и тоа со нов “бенгер” наречен ТЕСТОСТЕРОН.

После “Госпоѓа Министерка” во велешкиот театар и “12” во МНТ , фелата говори дека ова ќе биде следниот ХИТ на Евтимов.

Во неа играат:

Јордан Витанов

Васил Зафирчев

Стефан Николовски

Фаик Мефаиловски

Филип Христовски

Жарко Спасовски

Благојчо Стојанов

Текстот е од полскиот автор Анджеј Сарамонович и во неа има 7 машки ликови. Драмата зборува за машко-женските односи, а жанровски се движи во неколку насоки. Комедија, драма, сатира па така ова никого нема да остави рамнодушен.

На љубителите на театарот веќе им е јасно дека ова ќе биде уште една претстава за која ќе се бара карта повеќе!

Претставата ќе доживее премиера на 27ми март на самото отварање на најпопуларниот фестивал на комедии “5-ре”.

До тогаш останува да бидеме во тек и да ја очекуваме големата премиера!

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo