ПРВ.мк
Култура

Љутков: Калето добива нов живот - Заедничка акција за враќање на сјајот на културното богатство на Скопје (ФОТО)

Љутков: Калето добива нов живот - Заедничка акција за враќање на сјајот на културното богатство на Скопје (ФОТО)
Escape

Скопското Кале, едно од најзначајните историски обележја на главниот град, конечно започнува да го добива вниманието кое одамна го заслужува.

Министерот за култура, заедно со претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, директорката на Управата за заштита на културното наследство, Весела Честоева, и градоначалниците на Аеродром, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров, се вклучија во заедничка теренска акција за расчистување и уредување на Калето.

Со години занемарено и оставено на заборавот, Калето конечно добива шанса за целосна трансформација. Со веќе обезбедени 8 милиони денари преку ребаланс на Буџетот, започнува процес на целосно уредување на музеите што се дел од тврдината.

Престојат јавни набавки, нови проекти и конкретни активности кои ќе го вратат животот во ова културно и историско срце на Скопје.

„Ова не е само акција – ова е повик за почит, грижа и визија. Калето заслужува да блеска. За нас. За нашите деца. За секој кој ќе ја почувствува историјата што ја носи,“ истакна Министерот.

Се очекува оваа иницијатива да прерасне во долгорочна грижа за заштита и промоција на македонското културно наследство, со што Калето повторно ќе стане гордост и инспирација за идните генерации и посетителите од целиот свет.

Mia Home Mavrovo